Илиоски не можеше да се бори и со судиите, Митров со добар вепчаток, остануваме без медал на СП

По денешните борби останавме без адут за медал на Светското кик бокс првенство за сениори во Сараево, Босна и Херцеговина. Даниел Митров имаше најдобра изведба од сите наши борци,но загуби, а Бобан Илиоски се бореше и со судиите.

„Даниел изгуби, ама најпаметно се бореше од ситекои загубија вчера. Прикажа одлична присебност во рингот. Имаше подготвенен противник и многу повисок од него. Нареден пат ќе се симне една категорија подолу, за да има сигурен успех, бидејки како борец е одличен“, вели селекторот Дејан Митровски – Урко.

Тој не може да се помири со поразот на Илиоски, затоа што на него му кумувале судиите.

„Судиите судеа за Србинот. Боби во првата рунда се штедеше со намера да се истроши противникот, но тука Србинот направи разлика. Иако Илисоки во втората и третата рунда значително ја стегна борбата, судиите беа наклонети кон Србинот, не бодувајќи ги ударите на Бобан“, истакнува Митровски.

Резултати
63,5 кг, лоу кик
Емир Ибраим – Руци Лучјано (Грција) 3-0
Емир Ибраим – Борис Шикунов (Русија) 0-3

-86 кг, лоу кик
Димитар Ѓоргиев – Љубо Јалови (Србија) 0-3

-57 кг, К-1
Даниел Митров – Максим Казаку (Молдавија) 2.коло 0-3

-67 кг, К-1
Дарко Најдов – Димитар Стојанов (Бугарија) 2.коло 0-3

-71 кг, К-1
Роберт Костовски – Сони Даграед (Белгија) 2.коло 0-3

-81 кг, К-1
Бобан Илиоски – Нијат Хејдаров (Азербејџан) 2.коло 3-0
Бобан Илиоски – Александар Менковиќ (Србија) 0-3

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО