Ломаченко на 31 август ќе боксира за три титули

Шампионот во лесна категорија на ВБА и ВБО, Васил Ломаченко, ќе ја брани титулата против Лук Кембел на 31 август во „О2 арена“ во Лондон, а и појасот на ВБЦ ќе биде заложен.

„За мене ќе биде многу посебен случај да боксирам во Лондон, бидејќи минатата година го посетив градот и луѓето беа неверојатни со мене. Го почитуваат мојот стил на бокс и се одлични приврзаници на спортот. Не можам да дочекам да ги израдувам со одлично шоу. Битката е историска, бидејќи сакам да ги освојам сите појаси во лесна категорија и Лук Кемпбел е следната пречка. Се сеќавам на него од Олимписките игри во Лондон, неговиот стил е тежок и не можам да сеоднесувам со потценување спрема него“, коментира Ломаченко.

Кемпбел има само еден пораз во кариерата – со поделена одлука на судиите во 2017 против тогашниот шампион Хорхе Линарес. Ломченко веќе има 13 победи и 1 пораз, 10 со нокаут, а како аматер е 396-1 и е олимписки шампион од Пекинг 2008 и Лондон 2012.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО