Ломаченко можеше со семејството да замине во САД, но се врати во Украина – во војна: Тој е мојот херој

Поранешниот светски шампион во бокс и двократен олимписки победник Васили Ломаченко е само еден од многуте спортисти кои активно се вклучија во одбраната на Украина од руската агресија.

Познатиот промотер Боб Арум во едно неодамнешно интервју откри дека Лома се вратил дома во Украина иако можел без никакви проблеми да го однесе своето семејство во САД.

Промоторот на Топ ранг се восхитува на решителноста на Васил да го брани својот дом.

34-годишниот Ломаченко објави фотографија на својата Фејсбук страница кон крајот на февруари, потврдувајќи дека се приклучил на украинската војска.

„Васили тренираше во Грција пред почетокот на воениот конфликт. Често оди во руски православен манастир некаде во грчките планини, бидејќи му одговара големата надморска височина. Ова место за подготовки му го препорача Александр Усик“, рече Боб Арум и продолжи:

„Кога започна руската инвазија на Украина, тој не можеше веднаш да лета дома, па преку Романија со автомобил се врати дома. Се сретнал со семејството и веднаш се пријавил во војска. Тој има куќа во САД и има зелен картон. Можеше без проблем да дојде во Америка. Но, не го направи тоа. Ми кажа дека негова должност е да го брани домот. Покажа голема храброст, тој е мојот херој“.

Васили Ломаченко има закажано меч за 5 јуни против Австралиецот Џорџ Камбосос Јуниор во кој има можност да го врати шампионските појаси во лесна категорија на ВБА (Супер), ИБФ и ВБО.

Австралискиот боксер ги освои титулите во ноември минатата година кога го победи Теофимо Лопез, кој пак, претходно во борба го победи Украинецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО