Кевин Ли сака Доналд Трамп да му го избере следниот противник

Кевин Ли рече дека сака Доналд Трамп да избере кој ќе биде неговиот следен противник во Игл ФЦ.

Ли го победи Диего Санчез на Eagle FC 46, а потоа рече дека сака Трамп да посочи кој ќе биде неговиот следен противник. Ли успеа да ја обезбеди победата иако заработи сериозна повреда на коленото.

„Слушнав дека Доналд Трамп се враќа во бизнисот со промоција. Би било одлично ако го одбере мојот следен противник“.

Трамп има искуство во боречкиот шоубизнис. Поранешниот американски претседател имаше голем удел во Affliction Entertainment, кој беше домаќин на неколку MMA настани.

Ли успеа да победи и покрај повредата и неговата цел сега е борба за титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО