Ломаченко го нокаутира Крола

Васил Ломаченко (13-1, 10 КО) во Лос Анџелес по втор пат ја одбрани титулата светски шампион во лесна категорија.

Најдобриот боксер на светот во четвртата рунда го нокутира Британецот Ентони Крола (34-7-3, 13 КО) и ги одбрани ВБА и ВБО појасите.

Ломаченко го забележа нокдаун во третата рунда. По што судијата се вмеша и за миг помисли дека е прекин и почна да слави, но официјалните лица го предупредија дека мечот се уште трае. Кога продолжи борбата се огласи гонгот за крај на рундата.

Украинецот продолжи каде што застана, во четвртата со десно кроше го нокаутира Крола.

https://www.facebook.com/trboxing/videos/673716093047499/
https://www.youtube.com/watch?v=B5BdWT-iIg4

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО