Листа и почеток на борбите по наше време за Мек Грегор – Мејведер

Борбата меѓу Конор Мек Грегор и Флојд Мејветер полека ни се приближува и останува уште нешто повеќе од две недели до неа. Главната борба на вечерта ќе биде како што знаете сите „Мани фајт“ меѓу Мек Грегор и Мејведер, а конечната листа на борбите сега е официјална.

Дуелот ќе се одржи оо наше време на 27 август, почетоците на борбите може да ги видете подолу. Многумина зборуваат само за борбата меѓу Мек Грегор и Мејведер, но не треба да ги заборавиме воведните битки кои ќе бидат одлични. Речиси сите борби ќе бидат достапни преку ПП(Г)В, која ќе се движи од 80 до 100 долари. Погледнете ја листата на борби:

Главен дел (започнува во 06:00 часот)

Флојд Мејведер – Конор Мек Грегор

Воведен дел, кој е на ППГ (започнува во 03:00 часот)

Гервонта Дејвис – Франциско Фонсека (за јуниорскиот појас на ИБФ во лесна категорија)

Натан Клеверли – Баду Џек (за појасот на ВБА во полутешка категорија)

Ендрју Табити – Стив Канингхем (за привремениот шампионски појас за УСБА во крузер категорија)

Воведен дел кој не е на ППГ (започнува во 01:00 часот)

Шон Портер – Томас Дулорме

Хуан Хералдез – Хозе Мигел Борего

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО