Фановите ги споија Игра на троновите, Конор и Флојд во одлична најава (ВИДЕО)

Добро е познато дека боречките навивачи често знаат како да направат фантастични најави или слични изработки за некои од следните настани. Сепак, работата во која Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор го најдоа своето место во моментално најпопуларната телевизиска серија спаѓа во самиот врв.

Како се одбројуваат деновите до мечот на Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер Јуниор, така фановите на Игри на тронот секоја недела чекаат нова епизода од оваа фантастична серија. А тука е и голем дел на оние кои со нетрпение ги очекуваат обете, како овој одличен меч, така и секоја епизода. Некои од нив се покажаа како одлични во видео монатажата и одлучија на светот да му подарат феноменална работа.

Во него, овие двајца борци се уфрлени во светот на „Вестероси“ и „Седумте кралства“, а свое место најдоа и некои други, како Дан Вајт, Лоренцо Ферита или Канело Алварез. Монтажата е фантастична и мораме да признаеме дека сè е одлично сложено па се чини како да гледаме вистинска серија.

„Игра на троновите“ оддамна го полуде светот, но во голема мера успеа и овој меч, покрај големиот број на оние кои сметаат дека е апсурдна и непотребна играчка на медиумите. Нас, како фанови на серијата и професионален портал за боречки вештини, многу не развесели и забавуваше. Се надеваме дека истиот впечаток ќе го остави и на вас.

https://twitter.com/TheSportsman/status/894637019204169729

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО