Борачите на Лирија од Скопје беа најубедливи на Државното јуниорско првенство во Радовиш. Тие денеска освоија четири шампионски титули, две им припаднаа на борачите на Бучим од Радовиш и една на БК Скопје.
Сепак. може да се забележи дека уште сега кубуриме со натпреварувачи во тешките категории, што значи дека и во сениорска конкуренција ќе имаме проблеми и квалитет во иднина. Во категоријата до 96 килограми двајца борачи, а до 125 само еден.
Една од највозбудливите борби на првенството беше онаа вокатегоријата до 60 кг меѓу Иван Јанев од Бучим и Елмедин Сејфулау од Лирија. Во втората рунда водеа изедначена борба, а Елмедин успеа да искористи една ситуација и да го победи Иван со туш. Исто така незивесна беше и борбата меѓу Фиданчо Јованов (Бучим) и Бесли Муртезани во категоријата до 74 кг, победникот не се знаеше до крајот.
Но, најубедливи беа Адил Адили (Скопје) и Ѓорги Јованов (Бучим) во категориите до 66 кг и 85 кг. Адили ги опрвада очекувањата по успешните настапи на европските турнири и со првото место си обезбеди место во репрезентцаијата за учество на Севтското првенство, како што посакуваше неговиот тренер и татко Хамди Адили.
1. Самир Реџепи (Лирија)
2. Амир Реџепи (Лирија)
3. Теодор Темелкоски (7 Мај)
3. Трајче Нацев (Балканец)
60 кг – 6 учесници
1. Елмедин Сејфулау (Лирија)
2. Иван Јанев (Бучим)
3. Јаја Фурксан (Студеничани)
3. Риад Реџепи (Лирија)
66 кг – 8 учесници
1. Адил Адили (Скопје)
2. Никола Петров (Бучим)
3. Омар Сејфулау (Студеничани)
3. Серхан Шакиров (Балканец)
74 кг – 6 учесници
1. Јусуф Сахити (Лирија)
2. Фиданчо Јованов (Бучим)
3. Ваљон Рогачи (Лирија)
3. Јасин Сејфули (Лирија)
84 кг – 5 учесници
1. Ѓорги Јованов (Бучим)
2. Михаил Николов (Балканец)
3. Димитар Вандов (Неготино)
3. Илија Харалампиев (Балканец)
96 кг – 2 учесници
1. Адем Адем (Лирија)
2. Александар Донев (Балканец)
125 кг – 1 учесник
1.Кристијан Крстев (Бучим)
Екипен пласман
- БК Лирија – Скопје 31
- БК Бучим – Радовиш 24
- БК Балканец – Штип 15
ipon.mk/В.Д.