Витор Белфорт сака супер двобој со Џон Џонс!

vitor-belfort-kiss

Изгледа дека  Витор Белфорт не се сомнева во победата над Крис Вајдман. Тој неодамна изјави дека сака да се соочи во супер-дуел против Џон Џонс, против кого се бореше пред неколку години.

 „Се уште чувствувам како ја држам раката на Џонс во многу болен зафат. Сакам повторно да се борам со него во супер-дуел. Местото не е важно, октагонот секогаш е ист“.

 Витор многу го загрози Џонс, го фати во многу здрав армбар. По мечот Џонс призна дека добил повреда од овој зафат, но тоа не го спречи да го продолжи натпреварот и да ја заврши средбата во своја полза со кимура.

 Очигледно, споменот за најдобрата позиција на Белфорт не згаснува и Бразилецот ја сака својата втора шанса.

 belfort zagraben od jons

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО