Лирија ја зголеми предноста спрема Балканец за Купот на Македонија!

Lirija prva na drzavno juniori

По Државното јуниорско првенство во Радовиш се зголеми разликата меѓу водечката Лирија и второпласираниот Балканец за Купот на Македонија. Сега Лирија има 221 поен, Балканец 174 и Бучим 138. 

Остануваат уште две првенства по кои ќе се знае освојувачот на Купот.

Сепак, Лирија ја задржа лидерската позиција со 189 поени пред Балканец со 160 и Бучим со 116.

Јуниорите на Скопје освоија 5 бода, на Студеничани 4, а по 2 освоија 7 Мај Леов и Неготино. Во женска конкуренција Безбедност освои 9 поени, а 7 Мај Леов 2.

Досега се одржаа пет првенства: Изборно за сениори, Изборно за У- 23, Изборно за јуниори, Изборно за кадети, Државно првенство за сениори и Државното јуниорско првенство. Државно првенство за кадети и Државно превснтво за пионери ќе го одлучат победникот.

Табела – Куп на Македонија

1.Лирија             221

2.Балканец        174

3.Бучим              138

4.Тефејуз             65

5.Скопје               19

6.Неготино          14

7.Вардар               7

ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО