Лиото Мачида и Фил Дејвис ќе имаат реванш во септември

Лиото Мачида и Фил Дејвис ќе имаат втора борба, но овој пат во Белатор.

Нивната борба во полутешка категорија на настанот што Белатор го планира за 11 септември. Според информациите на бразилскиот медиум „Комбете“, средбата ќе биде главна на вечерта и ќе има 3 рунди. Меѓу нив видовме еден меч во 2013 година во УФЦ, притоа Фил победи со одлука на судиите.

Фил има 35 години и има скор 21-5-1 во ММА. Тој е во серија од две последователни победи со нокаут, а во последна борба го нокаутира Албрексон на крајот на минатата година. Дејвис ја загуби титулата откако пред три години го победи Бадер. По овој пораз Фил победи на 4 од 5 меча.

Мачида има 42 години и е скор 26-9 во ММА. Тој беше во серија од 4 последователни победи, но Гегард Мусаси го победи во септември минатата година. Има добри шанси победникот на овој меч да добие шанса за титулата во полутешка категорија.

https://www.instagram.com/p/CCq_e1BFYKc/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CCq3CAIhqIf/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON