Волкановски го изненадиле изјавите на претседателот Вајт: Победив, системот на бодување е јасен!

Актуелниот шампион во УФЦ се осврна бодувањето и им одговори на оние кои ги критикуваат судиите.

Александар Волкановски веднаш по завршувањето на УФЦ 251 се согласи со судиите и заклучи дека заслужено го победил Макс Холовеј на поени. Но, тоа беше, да се потсетиме, исход што ја подели ММА заедницата.

Многумина се оние кои се уверени дека Макс требаше да се врати на тронот, но двајца од тројцата судии му дадоа предност на актуелниот шампион.

Тоа беше одлука што не го воодушеви Холовеј, но и претседателот на УФЦ, Дана Вајт, кој го коментираше мечот в недела изјави дека на УФЦ 251 се чини дека имало „некои лоши судиски проценки“.

На Вајт, но и на сите оние кои се чувствуваат поразени во таа средба, Волкановски сега одговори во разговор за ЕСПН.

„Луѓето можат да зборуваат за оние нокдауни, но има јасен систем на бодување и може да се види зошто судиите пресудија во моја корист“, започна шампионот.

Волкановски признава дека реакцијата на Вајт го изненадила, но не му забележува  на тоа на претседателот на УФЦ:

„Бев изненаден од тоа што го рече. Мислам дека не е добар потег од негова страна. Но, во исто време, секој има право на свое мислење“.

Првите две рунди чисто ги однесе Холовеј на островот Јас, во чии завршници го рушеше Волкановски, но потоа следеше 15-минутен прилично изедначен судир. Читајќи ги бројните коментари, многумина сметаа дека Макс ја грабнал и третата рунда, но резултатите покажаа дека судиите се поделени околу онаа последната.

„Го видов тој меч исто како и судиите. Знам дека беше тесен. Макс очигледно го отвори мечот силно, ги однесе првите две рунди иако тие беа конкурентни до оние нокадуни. Знам како функционира системот на бодување. Знаев дека тој доби 10, а јас девет поени во тие рунди. Потоа морав да извлечам се од себе и да покажам од што се направени шампионите. Се прилагодив и продолжив. Двајцата судии го видоа тоа, но луѓето секогаш ќе имаат различни мислења. Третата рунда беше тесна и можам да видам зошто некои му ја даваат на него, но официјалните бројки го потврдија моето мислење “, заклучи Волкановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО