Леон Едвардс против Камару Усман 3 на УФЦ 285

Познато е кога и каде ќе ја гледаме трилогијата меѓу Камару Усман и Леон Едвардс.

Нивната трета борба ќе се одржи на март 2023 година на борбената карта на УФЦ 285. Настанот е планиран за Велика Британија, најверојатно во Лондон. Леон ќе ја брани титулата во полусредна категорија пред навивачите во својата втора татковина.

Последната пресметка меѓу Усман и Едвардс ја видовме на крајот на август годинава. Камару водеше на поени, но беше нокаутиран во последната минута. Едвардс го удри со висок удар, симнувајќи го од тронот и му го зададе првиот пораз во УФЦ. Поразот на Усман му ја прекина серијата од 19 победи.

Едвардс има 20-3-1 во ММА и е во победничка серија од 10 борби. Неговиот последен пораз беше од Усман со одлука во 2015 година. Леон победи на 10 од неговите средби со завршница. Тој нема не губел со заворшница. Едвардс е поранешен БАММА шампион. Тој е првиот шампион на УФЦ кој е роден во Јамајка.

Усман има скор од 20-2 во ММА. 5 пати по ред успеа да ја одбрани титулата во полусредна категорија. Камару имаше 15 последователни победи во категоријата што е рекорд. Тој е првиот шампион на УФЦ од Нигерија. „Нигерискиот кошмар“ заврши 10 од неговите мечеви, а 2 порази му се со завршница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО