Бадр Хари бара време од Глори за да донесе одлука дали ќе се пензионира

Се уште не е сосема сигурно дека Бадр Хари ќе се повлече од кикбоксот.

Мароканската ѕвезда изјави за Глори дека му треба време да размисли за својот следен потег. 37-годишниот Хари го претрпе петтиот последователен пораз против Алистер Оверем минатиот викенд во Арнем, Холандија.

По борбата Хари им кажа на публиката дека сериозно размислува да се откаже и веројатно нема да се врати. Во Глори не беа свесни за ова. Скот Рудман, кој е извршен директор на Глори, изјвави дека се подготвени да му дадат одмор на Хари.

„Разговарав со него во неделата наутро. Тој сака малку време за размислување. Ова е добро. Има многу врвни спортисти кои по таков период се враќаат посилни. Го почитуваме неговиот избор и се надеваме дека ќе продолжи.

Не е изненадување што тој размислува да се пензионира со оглед на неговите неодамнешни порази. Повеќето од тие битки ги загуби поради лош план за борба или мали грешки. Затоа ја разбирам неговата фрустрација.

Можеби е заблуда дека Глори може да ги принуди борците во рингот. Тоа го прават целосно доброволно. Никогаш не ги принудуваме да се борат.

Тоа го прават поради паричната награда, ривалството, навивачите и славата. Така што нема проблем ако Бадр паузира“, изјави Рудман.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GLORY Kickboxing (@glorykickboxing)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО