Британскиот ММА борец, актуелниот шампион на УФЦ во полусредна категорија Леон Едвардс кажа што мисли за Хамзат Чимаев.
Едвардс во моментов се подготвува да ја брани титулата. Тој ќе се бори против поранешниот шампион Камару Усман. Нивната борба ќе биде водечка на настанот УФЦ 286 на 18 март во Лондон. Леон ќе го брани појасот, како и низата од 10 последователни победи.
Едвардс го нокаутира Усман во август 2022 година во Јута. Така му се реваншира на Усман кој со одлука имаше победа над него. Леон е фокусиран на Усман, но Чимаев е една од неговите мети.
„Хамзат Чимаев е добар борец, но не е недопирливо чудовиште како што го прави УФЦ. Секако, ова е тежок противник. Тој е навистина добар, но знам како да го победам. Јас сум во серија од 10 победи.
Чимаев е на мојата целна листа. Оставете го да влезе во категоријата, да се бори со Ковингтон или со некој друг. После тоа можеби ќе го сретнам во октагонот“, рече Едвардс во интервјуто за Јутјуб каналот Каунт.
Чимаев и Едвардс требаше да се пресметаат пред извесно време, но нивната борба пропадна.