Девин Хејни ќе се бори со Васил Ломаченко во мај

Боб Арум, промоторот на поранешниот светски шампион во три категории, Васил Ломаченко (17-2, 11 КО), рече дека неговата борба со неприкосновениот шампион во бантам категорија (до 61,2 кг) Девин Хејни (29-0, 15 КО) ќе се одржи на 21 мај.

Долго време се зборуваше за оваа битка, која веќе беше факт. Сега тие треба да изберат локација, а опциите се САД или Блискиот Исток. Ова ќе биде голема борба за категоријата. Хејни има неколку предности во однос на Ломаченко, но Васил не е за потценување.

„Што се однесува до оваа борба, се е договорено. Датумот не е лош, 21 мај. Сега се поставува прашањето каде ќе се одржи борбата. Дали ќе се одржи во Њујорк? Можеби проблемот е во натпреварите во НБА и НХЛ.

Дали тоа ќе биде Лас Вегас? Сосема можно. Може да биде и на Блискиот Исток. Мислам дека ќе добиеме одговор во рок од 10 дена“, изјави Арум за BoxingScene.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО