Ленокс Луис: Не разбирам зошто Фјури и Усик не сакаат да испишат историја

Легендарниот британски боксер Ленокс Луис ги критикуваше Тајсон Фјури и Александар Усик што не можат да се договорат за борба за титулата апсолутен светски шампион во тешка категорија.

„Не ја разбирам оваа генерација, оваа култура. Како е можно борците да немаат глад и да не сакаат да пишуваат историја? Пари? Секогаш се во прашање огромни суми. Победникот ќе има повеќе пари отколку што може да потроши во текот на животот. Мислам дека се обидуваат да се борат во декември. Но, не смееме да заборавиме дека ако погрешно играат карти, се може да се сруши“, напиша Луис на својата страница на социјалните мрежи.

Претходно, промоторот на Усик изјави дека страната на украинскиот боксер одлучила да се повлече од преговорите поради барањата на Фјури. Мечот требаше да се одржи на 29 април во Лондон.

Токму Луис е последниот неприкосновен шампион во дивизијата. Сите титули ги освои пред повеќе од 20 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО