Ентони Џошуа се врати во рингот со победа против Џермејн Френклин

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа (25-3) се врати со победа по двата порази од Александар Усик.

Британцот доминираше на боксерскиот настан во лондонската О2 арена и го совладаа американскиот борец Џермејн Френклин (21-2).

Ентони го отвори мечот со преден директ и продолжи да го удира Џермејн, кој возврати со контри.

Британецот покажа дека целосно се фокусирал на противникот. Не ризикуваше премногу и трпеливо го градеше патот до победата.

На почетокот на втората рунда Френклин се обиде да го испровоцира Џошуа, но поранешниот шампион не дозволи да биде навлечен на тенок мраз, па одговори со неколку одлични удари.

На крајот од рундата американскиот борец брилијантно го погоди Ентони во телото.

Џошуа продолжи да се држи до својата тактика и не брзаше премногу. Се закани со преден директ, а брилијантно ги блокираше контрите на Џермејн.

На крајот од четвртата рунда имаше одлични удари од двете страни.

Во средината на шестата рунда Ентони постигна одличен лев аперкат и покажа дека има разновидни оружја во својот арсенал.

Поранешниот шампион продолжи да се држи до тактиката, бидејќи не сакаше да го истури тоа што го направи во првото полувреме.

Десетата рунда повторно понуди малку повеќе акција каде што Ентони упати одлични удари врз Џермејн кој изгледаше уморен.

Во 11. рунда Џошуа добро го погоди во телото, што Френклин навистина го почувствува. Британецот продолжи да го удира својот противник, а потоа приземји десен аперкат.

Во последната рунда Американецот уште еднаш се обиде да го испровоцира Ентони. Британецот повторно возврати со неколку одлични удари и на крајот стигна до убедлива победа.

На крајот заискри меѓу Ентони и Џермејн, но обезбедувањето влезе во рингот за да ја смири гужвата.

Со оваа победа Џошуа веројатно си ја врати самодовербата и сега може сериозно повторно да размислува за нов поход кон врвот во тешка категорија.

И ова беше втор пораз по ред за Френклин, тој во номеври загуби од Дилиен Вајт.

https://twitter.com/IFLTV/status/1642293319232376833?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1642293319232376833%7Ctwgr%5E396ccf8907b12fe6a4cd2689aa8d84d6280e85a6%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fcdn.embedly.com%2Fwidgets%2Fmedia.html%3Ftype%3Dtext2Fhtmlkey%3Dcb7145f1731b4c328f8e4d2201854ceaschema%3Dtwitterurl%3Dhttps3A%2F%2Ftwitter.com%2FIFLTV%2Fstatus%2F1642293319232376833image%3Dhttps3A%2F%2Fabs.twimg.com%2Ferrors%2Flogo46x38.png

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО