Ленокс Луис: На Фјури нема да му биде толку лесно против Усик

Поранешниот неприкосновен светски шампион во тешка категорија, легендарниот Ленокс Луис смета дека на неговиот сонародник Тајсон Фјури не би му било лесно во толку очекуваната борба со Александар Усик.

Британецот и Украинецот би можеле да влезат во рингот во февруари следната година.

„Усик дојде на борбата меѓу Фјури и Чисора. Сакаше да погледне одблизу, да ја почувствува енергијата. И ќе се обиде да најде начин да го победи Фјури. Нема да биде лесно за Тајсон. Усик е шампион. И тој е посветен на својата работа. На тренинзите ја вложува целата своја волја за победа“, потенцира Луис.

Фјури ја одбрани титулата во тешка категорија пред 60.000 гледачи во саботата на стадионот на Тотенхем, победувајќи го Чисора со технички нокаут во десеттата рунда, а по натпреварот му порача на Усик дека тој е следен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО