Лекарите се против враќањето на Мајк Тајсон во рингот

Легендарниот Мајк Тајсон и Рој Џоунс на 12 септември договорија меѓусебна борба во хуманитарни цели, која ќе значи и враќање на Тајсон во рингот. Но, лекарите мислат дека тоа не е паметно.

54-годишниот Тајсон максимално се подготвува за враќање во рингот, тврди дека е во добра форма, како и неговиот три години помлад противник, Рој Џоунс. Сепак, на поранешните шампиони им е советувано да се откажат од борбата и покрај тоа што организаторот воведе правило дека ќе нема нокаут, и дека мечот ќе биде прекинат при првата посекотина.
„Кога ќе остариме стануваме поранливи и на нашиот мозок му е неопходно многу повеќе време да се опорави од повреди. Се работи за опасна идеја која може да ги донесе до сериозни повреди, па дури и до смрт“ – изјави член на лекарскиот тим кој се спротиставува на борбата, и покрај тоа што љубителите на боксот силно посакуваат да го видат Тајсон во рингот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON