Олимпискиот шампион Ивањицки исчезна во среда, денеска е најден мртов

Потрагата по олимпискиот шампион во борење, Александар Ивањицки, за жал, трагично е завршена. Повеќектатниот шампион во светот и освојувач на златото на Олимијадата во Токио 1964 година во слободен стил во тешка категорија, пронајден е мртов во областа Руза во близина на Москва.

Ивањицки во средата исчезнал во шумата во која се упатил за да бере печурки. Веднаш целата држава била на нозе. Сите тргнале во потрага по славниот спортист, но за жал му немало спас.

Покрај реката пронајдени се лични работи и мобилиниот на 82 годишниот Александар и било јасно дека се удавил.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО