Легендата Теди Рине ја одбрани титулата во џудо кај тешкашите

Tedi Rine

Живата легенда на џудото, Теди Рине (Франција), ја одбрани титулата во категоријата над 100 килограми на Олимпијадата во Рио де Жанеиро.

Седумкратниот светски и петкратен европски шампион кај тешкашите Рине го победи во финалето со 2-1 воопомени „шидо“ 24-годишниот дебитант на олимписки игри Хисајоши Харасава (Јапонија). Претставникот на домаќините, Рафаел Силва, со јуко славеше над Абдул Тангриев (Узбекистан) и повторно ја заслужи бронзата, како и пред четири години на Игрите во Лондон. Европскиот вицешампион Ор Сасо (Израел) со шидо 2-1 го победи Алекс Гарсија Мендоза (Куба) и ја освои втората бронза во категоријата.

Francuzin prv dzudo OI +100

+ 100 кг – мажи

  1. Теди Рине (Франција)
  2. Хисајоши Харасава (Јапонија)
  3. Ор Сасо (Израел) и Рафаел Силва (Бразил)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО