Легендарниот фудбалер Вејн Руни влегува во боксерскиот ринг

Славниот англиски фудбалер Вејн Руни станува боксер, подготвен да се бори со популарен инфлуенсер.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Англија би можел да влезе во рингот и да одработи боксерски меч со американскиот инфлуенсер Џејк Пол.

Руни ја започна кариерата во Евертон, а со преселбата во Манчестер Јунајтед стана легенда, како на овој клуб, така и на целата Премиер лига. Шпанскиот весник Марка пишува дека славниот Англичанец сега се подготвува за нова кариера – онаа во бокс.

Промоторот Еди Херн верува дека Руни може да има одлична кариера кога станува збор за егзибициони борби. Англичанецот беше познат како доста проблематичен во текот на професионалната фудбалска кариера, особено кога беше член на Евертон. Иако Алекс Фергусон успеа да го држи под контрола што е можно повеќе.

Негов противник би можел да биде Џејк Пол, популарен инфлуенсер кој стана боксер. Пол дебитираше како боксер пред пет години, а досега се бореше со познати борци, главно поранешни ММА борци, како Бен Аскрен, Тајрон Вудли и Андерсон Силва.

Руни е познат љубител на боксот и затоа сака да си ја проба среќата во рингот. Херн тврди дека Руни и претходно контактирал со него и барал што побрзо да му организира борба, но промоторот го игнорирал бидејќи Англичанецот бил пијан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО