Легендарниот светски шампион во бокс, Леон Спинкс, почина на 67-годишна возраст, откако пет години се бореше со рак на простата. Спинкс влезе во историјата откако го победи Мухамед Али на 15 февруари 1978 година и стана неприкосновен светски шампион во тешка категорија во професионалниот бокс.
Boxing legend and former heavyweight champion Leon Spinks Jr. died Friday. He'd had prostate and other cancers. He was 67. pic.twitter.com/ljBh2tKIvG
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 7, 2021
Неговата победа во мечот од 15 рунди со судиска одлука е едно од најголемите изненадувања во историјата на овој спорт. Совладувајќи го Мухамед Али, Спинкс стана единствениот боксер кој ги освоил шампионските појаси на најголемиот борец во историјата. Седум месеци подоцна, Али му се реваншира.
Leon Spinks, 67-Years-Old, Passes Away After Long Battle With Cancer https://t.co/pvadKWBf5q pic.twitter.com/pKy7ms7nZ3
— BoxingScene.com (@boxingscene) February 6, 2021
Победата над Мухамед Али можеби е најнезаборавниот момент во кариерата на Леон Спинкс, но тоа не е единствениот голем успех за американскиот боксер. Во 1976 година, тој стана шампион во категоријата до 81 кг на Олимписките игри во Монтреал. Во 2017 година беше примен во Куќата на славните на боксот.
RIP Leon Spinks.
Former Heavyweight Champion of the World. 🙏 pic.twitter.com/aCgakq5Mcb
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) February 6, 2021
Леон не е единствениот успешен боксер во неговото семејство. Неговиот постар брат Мајкл исто така стана олимписки шампион во Монтреал, а потоа освои светски титули во две професионални категории.