Лама славеше со ТКО во финалето на „Златниот гонг“, Насуфи и Етеми поразени

Јасин Лама со ТКО во втората рунда славеше против Романецот Норберт во финалето на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“  во Скопје, со што го освои златниот медал. Алим Насуфи во најдобрата борба на досегашните финални борби на„Златниот гонг“ прикажа одличен бокс, но загуби. Арсим Етеми загуби од Бекири од Албанија.

Јасин Лама на почетокот водеше тактичка борба која во последната минута клуминираше со нокдаун на Романецот Вас Норберт. Во втората пак мудро се бореше со одмерени напади, а кон средината на рундата го погоди со два директа и потоа се неколку удари во стомакот го прати во втор нокдаун. Тоа беше сигнал од неговиот агол да ја прекинат борбата.

Противникот на нашиот Алим Насуфи, Шпетин Бајоку вешто ги користеше подолгите раце и висината, демонстрирајќи брзина и добра тактика. Насуфи се обидуваше да му се приближи и да задава брзи удари. И двајцата боксери влегоа пожестоко во втората рунда, а Насуфи успеа да ја наметне неговата тактика, задавајќи удари со моќни крошеа. И Насуфи и Бајоку имаа свои периоди во третата рунда. Судиите му доделија победа со едногласна одлука, иако Насуфи се претстави во неговиот препознатлив стил – борбено од почеток, но не разочара, туку напротив, се прикажа во одлично светло.

Албан Бекири од Албанија беше поконкретен во првата рунда од нашиот репрезентативец Арсим Етеми кој на почетокот со силни удари го разбиваше гардот на етеми. Потоа Арсим почна потактички да боксира и да зададе удари од контра. Во втората и двајцата боксираа тактички, така што не видовме некое посебно издание. Бекири беше подобар во третата рунда, особено со две силни серии во средината на борбата. Албанскиот боксер победи со едногласна одлука.

На турнирот учествувата 24 боксери од 8 држави.

Резултати:

Финале

60 кг Јасин Лама – Вас Норберт (Романија) 3-0 (ТКО, Р2)

75 кг Арсим Етеми  – Албан Бекири (Албанија) 0-3

64 кг Алим Насуфи – Шпетин Бајоку (Косово) 0-3

Полуфинале

56 кг Оран Шакировски – Ник Вебер (Словенија) 0-3

60 кг Јасин Лама – Бесфорд Мелаку (Косово)  3-0 (ТКО, Р2)

69 кг Дон Емини (ЕУБЦ) – Милан Вранковиќ (Србија) 1-2

75 кг Арсим Етеми  – Бесарт Пирева (Косово) 2-1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО