Лаловиќ стана првиот член на МОК во историјата на борењето!

lalovic vo Kuala lumpur

 Ненад Лаловиќ стана првиот член на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) во историјата на светското борење. 

На 128 – та сесија на МОК во Куала Лумпур (Малезија) за претседателот на Меѓународната федерација за борење гласаа 77 делегати, 5 беа против , а еден беше воздржан.

„Кога пристигнав во Куала Лумпур разбрав дека треба да влезам меѓу членовите на МОК.- Во оваа фаза веќе не може да има изненадувања. Но, кога во април ми предложија да подготвам кандидатура – се изненадив. Нели за целата 120-годишна историја борењето никогаш немало член во МОК. Во сето ова гледам признание за работата на целата Меѓународна федерација во борење. Две и пол години нашиот спорт беше во криза, практично на прагот на исклучување од олимпиското семејство. Огромната работата, која беше направена од страна на Меѓународната федерација, се покажа како ефикасна. И сега сето тоа може да биде применето и во друг спорт.За изборот веќе бев поздравен од претседателот на МОК, Томас Бах, како и од гереналниот секретар. Имам многу пријатели меѓу членовите на МОК. Сите тие ми ветија поддршка. И сигурен сум дека ќе има со кого да се посоветувам и да разговарам за тековни проблеми.

А, инаку, како прва задача, како член на МОК, си ја поставувам популаризација и привлекување на повеќе гледачи не само на борењето, туку и во сите видови на спорт. Како да го направам спортот попопуларен – е мојата секојдневна нервоза. Ние, борачите, станавме пионери во реформирањето на нашиот спорт, ги променивме правилата. И нашето искуство може да биде користено насекаде“.

По Куала Лумпур Лаловиќ ќе замине за Суботица, Србија, каде од утре започнува Европското првенство за кадети.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО