Мартин Стојменов: Ми беше чест што демонстрацијата на одредени техники ги правеше со мене!

Martin i Kagava

Македонскиот репрезентативец во јуниорска конкуренција и освојувач на бронзениот медал од Европското првенство во Лисабон, Португалија, во 2014 година, Мартин Стојменов од КК Партизан – Кочани, беше единствениот каратист, член на националниот тим, кој учествуваше на семинарот на големиот Масао Кагава.

Kagava mu pokazuva na Martin

-Семинарот е еден голем плус за нас. Тренирав со голем тренер, од кого може да се научат многу нешта во каратето. Тоа е големо искуство, нешто што ќе ми користи во кариерата, ги кажа првите впечатоци Стојменов.

Кочанецот вели дека посебен впечаток му оставило објаснувањето за изведбата на ножните удари, односно лесна работа со колковите, со што се добива поголема брзина.

Martin go napaga Kagava

-Ми беше чест што демонстрацијата на одредени техники ги правеше со мене. Ме пофали за брзината што ја имам при изведбата на ударите. Да се работи со таков човек е вистинска чест и задоволство, истакнува Стојменов.

Не треба да се испушти можноста да се учи од човекот кој целиот свој живот му го има посветено на каратето. И во иднина ќе посетувам негови семинари.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО