Квинтон Џексон и Шенон Бригс ќе имаат пресметки и во бокс и во ММА

Се чини дека Квинтон Џексон-Ремпејџ и Шенон Бригс ќе се соочат двапати – еднаш во боксерскиот ринг и еднаш во ММА.

Џексон, поранешен шампион на УФЦ во полутешка категорија, рече дека ќе има големо враќање. Тој истакна дека ќе се бори со поранешниот боксерски шампион во тешка категорија Шенон Бригс.

„Прво ќе направиме боксерски меч, а потоа 6 месеци подоцна ќе се бориме во ММА“, изјави Џексон. Мислам дека периодот е многу долг. Му реков дека треба да почекаме 2-3 месеци, а потоа да направиме ММА меч.

Се обидуваме да преговараме за првата битка за 4 декември. Тој ги потпиша документите, но чекаме еден од неговите менаџери. Ќе им дозволам да ја рекламираат боксерската борба, бидејќи боксот е различен од ММА. Не знам како да промовирам боксерски меч. Чекаме уште неколку луѓе, но договорите се скоро готови.

Се уште избираме помеѓу неколку опции за локација. Исто така, сакаме да направиме кратко реално шоу во кое ќе им покажеме на луѓето и на светот дека сум сериозен и тренирам. Дека сум повторно во форма.

Шенон Бригс е толку стар и грд што е забавно. Тој е како мојата боксерска верзија, само што јас не сум стар и грд како него“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО