Поранешниот европски шампион за младинци и тренер на европска првенка, Елвир Куртановиќ, со забелешки на Правилникот за избор и финансирање на репрезентацијата на КФМ усвоен од Извршниот одбор на 17 јуни во врска со изборот на тренер (член 2,став 2) на државната репрензетација за Олимписките игри и за изборот на Стручниот тим.
„ВКФ за учество на Европски и Светски првенства на кои настапуваат голем број на натпреварувачи го ограничува бројот на тренери кои може да ги водат Државните селекции, а тоа го уредува со Правилник кон кој сите национални федерации треба да се придржуваат. Учеството на Олимпијада во поединечните спортови е со сосема спротивни правила и пракса во повеќето случаеви. Матичните тренери се тие кои ги водат своите натпреварувачи на Олимпијадата.
КФМ со распределба на средства од Агенцијата за млади и спорт (АМС) за постигнати врвни резултати, како и со предлозите за рангирање на тренери на државни за признанија за најдобри тренери во Македонија веќе направи големи штети и создаде нереална претстава за квалитетите на тренерскиот труд. Не знам по која заслуга и право и сега на еден некоректен и неспортски, а на крајот и неприфатлив начин, дава ваков предлог и го усвојува истиот.
Во делот на финансирањето никаде не видов дека КФМ се обврзува да ги финансира натпреварувачите, па макар и само за учество на меѓународни натпревари. За жал, тоа и понатаму останува уште една од многуте обврски на клубовите
Со сигурност можам да потврдам дека ова не е став на МОК, туку заложбите на МОК се до најзаслужните, а не најпослушните треба да ги водат олимпијците на Олимпијада, затоа што само така ќе се постигне резултатскиот максимум.
Ова е класична суспензија на клубовите и нивните интереси, така, сите што подигнале рака да се усвои овој правилник нанеле голема материјална и нематеријална штета на клупските тренери, на клубовите на КФМ, на спортот и на Република Македонија“, вели европскиот шампион Елвир Куртановиќ и тренер на европската шампионка Вероника Костовска, голема олимписка надеж на македонското карате.
Ова се прифатените одлуки со Правилникот со забелешки: Тренерот на Државната репрензетација е тренер на еден карате клуб каде во согласност со клупските програми (ако ги имаат ), задолженија и индивидуални тренерски способности ги подготвува своите натпреварувачи. И учествува на натпревари рамноправно со сите други клубови. Постигнатите резултатите од натпреварите се единствени параметри за мерење на тренерските потенцијали;
Тренерите на клубовите за постигнување на спортски резултати подготвуваат стратегија, тактика и техника која по многу што е различна од клуб до клуб. Ова укажува на тоа дека клубовите помеѓу себе се конкуренти а тренерите со своите стратегии, тактики и начин на борба не им го откриваат на своите конкуренти. Во пракса тоа би значело дека тренерот на државниот тим кој во исто време е тренер на клуб би ја имал можноста да влијае на резултатот и со тоа би ја загрозил работата на конкурентските клубови.
Со оглед на бројот на тренинзи помножено со години подготовки во клубот верувам дека на сите ни е јасно дека главната подготовка на репрензетативците е во клубот, од што призлегува дека тренерот на Државната репрензетација ја води репрензетацијата и треба да се насочува како да ги води репрензетативците, да ја следи и мери подготвеноста на репрензетативците во кординација со клупските тренинзи.
Куртановиќ нуди предлог за договор со КФМ.
„Како натпреварувач со големо искуство и постигнати врвни резултати, а сега и во својство на тренер се согласувам да склучам договор со КФМ (сериозно).
Обврски на КФМ:
- Ми регистрира клуб
- Изнајми и плаќа сала
- Регрутира членови
- Плаќа годишни членарини
- Организира учество на натпревари
- Бара спонзорства
- Ги финансира натпреварувачите
- Се грижи за натпреварувачите
- Ме праќа на натпревари и обуки
- Покрива патни трошоци,хранарина и лекување
- Ислаќа хонорар за тренерскиот ангажман.
Во ваков случај КФМ има потполно право да креира политики на клубот“, заклучува Куртановиќ и додава: „Да се усогласи членот кон реалната потреба натпреварувачите и интересите на клубовите кој се составен дел на КФМ“.
Спорниот член 2 на Правилникот:
Тренери на државна репрезентација се стручни лица на КФМ со индивидуални права и одговорности пред Извршниот одбор и истите се надлежни за подготовка на репрезентацијата на Република Македонија во сите возрасни категории (во понатамошниот текст – Тренери на државна репрезентација). Тренерот на државната репрезентација за сениори во во борби и ката и тренерот на државната репрезентација за млади, кои учествуваат на Олимписки игри за сениори и млади, предлагаат Стручен тим кој го избира Извршниот одбор на КФМ.
Ipon.mk/В.Д.