Македонскиот тим во борби усепа да направи подвиг во првото коло и ја совладаа Шпанија со 3-1, но во второто коло мораше да се помири со поразот од посилната Турција со 0-3. Ќе беше убаво да направеа два подвига во еден ден на Светското првенство во карате во Германија.
Македонскиот репрезентација во борби настапуваше во состав: Симон Антиќ, Жарко Арсовски, Иво Цветковски, Огнен Груевски, Берат Јакупи, Филип Несторовски и Тодор Ристевски.
Емил Павлов во категоријата до 60 кг утре во репасажот ќе се бори за бронзениот медал.
Утре се финалните борби поединечно, а задутре борбата за медали во кати и борби – екипно.