Про: Нема да разменувам удари со Шогун

Ovince-St-Preux

Борец во полутешка категорија на УФЦ, Овинс Ст. Про ги сподели неговите чувства пред дуелот со Маурицио „Шогун Руа“ во УФЦ Фајт најт 56 овој викенд.

По беше запрашан дали, според него, слабото место на Руа е неговото кардио .

„Мислам дека ова е слабо место на секого. Шогун е од оние борци кои уште со влегувањето во октагонот, сакаат да ти ја раскинат главата. А за да го направи тоа, треба да има многу енергија. Но, истото важи и за неговиот противник“.

Про ја кажа и неговата стратегија .

„Ќе се борам паметно. Нема да ја играм неговата игра. Нема да влегувам во размена на удари со него. Токму таму тој ја прави најголемата штета. Едноставно, ќе си ја играм мојата игра.

Мислам дека мојата техника е подобра од неговата. Тренирав доста време … Тој долго време се натпреварува и сега е малку побавен“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО