Никој не очекуваше дека мечот меѓу Дмитриј Кудрјашов (23-3, 23 КО) и Илунга Макабу (25-2, 24 КО) ќе отиде до крај.
Пред средбата во Екатеринбург заедно имаа 46 нокаути, но сите порази, исто така, ги доживеале со нокаут.
Борбата ги исполни очекувањата, а 31-годишниот Конгоанец го уриваше Кудрјашов пред крајот на втората рунда. И двајцата исстовремено погодија со лево кроше. Русинот падна, а Макабу едвај остана на нозе. Веднаш по броењето се враќаат во акција, а во последната секунда и Макабу во последната секунда речиси речиси повторно го рушеше противникот кого го задржаа јажињата.
Макабу е под притисок од почетокот на третата рунда и го притиска Кудрјашова покрај јажињата. Русинот враќа, но повторно е на работ на нокаут.
Во четвртата Кудрјашов со кроше го повреди противникот, но не го сопре. Макабу во петата продолжува да погодува, а по серијата неодговорени удари судијата ја прекинува борбата.
Конгоанецот со оваа победа го освои сребрениот појас на ВБЦ во лесно-тешка категорија кој веќе еднаш го држеше. Во 2016 година се бореше со Тони Белју за испразнетата титула на ВБЦ. Во тој меч беше поразен со нокаут во третата рунда.