Вајлдер: Шварц е вреќа за удирање

Дионтеј Вајлдер не беше премногу импресиониран од последната изведба на Тајсон Фјури.

Непоразениот Британецминатиот викенд во Лас Вегас го декласира Томас Шварц.

Во втората рунда Фјури прво го собори претходно непоразениот Германец, а потоа го принуди судијата на прекин.

Шварц никогаш не се борел со противникот од класата на Фјури и ова беше неговиот прв меч во САД.

„Тоа беше кул перформанс. Противник не беше нешто. Мислам дека Шварц фрли само неколку удари. Беше вреќа за удирање“, вели Вајлдер.

„Фјури го направи она што требаше да го направи. Тие се обидуваат да го промовираат, тој зборува и ја продава приказната, зборуваат за него како да е вистински (линеарен) шампион … Така го прават неговото име. Но, изведбата во рингот беше само ОК“.

Фјури повторно би требало да се бори на почетокот на есента. Ако се оди според планот, тогаш во првиот дел од 2020 година пак би требало да се бори со шампионот на ВБЦ.

Вајлдер во септември ќе го одработи реваншот против Луиза Ортиз кого го нокаутира во март 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО