Ексклузивно: Специјалист за светски титули – Даниел Стефановски

Даниел Стфеновски (79 кг) во саботата ја освои трета светска титула во К-1 во верзија ВКУ, откако гоидинава во својата ризница ја додаде на ИСКА и минатата година на Суперкомбат. Тој во борбата за титулата го совлада Јану да Круз на настанот „Гладијаторс најтс“ во Цирих, Швајцарија, со нокаут во првата рунда,откако добро го поткачи со коленото и го заврши со два-три удари.

Да потсетиме дека Сетфановски го совлада Да Круз и во 2017 година во Шпанија.

Во саботата за прв пат видовме атмосфера на негов меч, како што досега не е видена, цела сала да навива за него и од секаде да се слуша „Дани, Дани“,„Македонија, Македонија“, како и „Никогаш северна, само Македонија“ итн.

Прв пат забележав дека имаш толку голема поддршка од публиката, а ја имаше во голем број. Претпоставувам имало од секаде. Дали тоа ти дава посебна енергија и сила кога цела сала навива за тебе и скандира Македонија, Македонија?

-Се гордеам со такви фанови и поддршката. Навистина беше многу специјално за мене и ми давасе енергија и сила.

Во таа насока, иако си доста млад, но можеби имаш слушано за големите бокс мечеви на Аце Русевски во Куманово. Дали би сакал во една таква атмосфера да направиш борба во родното Кумоново, по можност и за светска титула?

-Тешко тоа да се организира во Куманово. Треба добра организација и спонзори.

Како што вети, така и направи, брзо го нокатира Јану да Круз. Не очекуваше ли поголем отпор од него или тој и подлегна на атмосферата?

-Јану сигурно беше подготвен за реваншот, ама тоа е тоа, од почетокот на рундата имав се под контрола.

Освои три титули во три различни светски кик бокс организации. Што следува сега во кариерата на Стефановски?

-Мојот тим и јас одиме од борба до борба, па што биде нека биде.

Дали ќе те видиме во најсилната кик бокс организација Глори, или пак во некоја друга, како ОНЕ чемпионшип? Или, пак, повторно ке направис излети во кинеските и руските промоции?

-Имам доста понуди во странство, но гледаме да одиме по нашиот пат и да потпишеме за најдобрата организација за К-1.

Која е твојата порака до фановите од Македонија и секаде во светот кои со големо внимание ги следат твоите мечеви?

-Фала на сите фанови за поддршката.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО