Кубрат Пулев: Се чувствувам посилен и сум подготвен

Кубрат Пулев е категоричен дека поразот од Владимир Кличко го направил подобар боксер. Бугаринот доби втора шанса да се бори за светската титула во супертешка категорија и на 28 октомври ќе се соочи со шампионот на ВБА, ИБФ и ИБО Ентони Џошуа во Кардиф (Велс).

И Ентони Џошуа, и Пулев се бореле со поранешниот владетел во категоријата Владимир Кличко, но додека Англичанецот го победи во епската битка на „Вембли“ во април, Бугаринот беше нокаутиран од „Челичниот чекан“ во 2014 година – неговиот единствен пораз на професионалниот ринг до моментов .

Сепак, Пулев е категоричен дека научил повеќе од поразот. Затоа 36-годишниот Бугарин е убеден дека е повеќе од подготвен да се сретне со Џошуа.

„Не сакам само да кажам дека сум научил ова или она од битката со Кличко. Научив многу работи. Од еден пораз дознав повеќе работи отколку кога ќе победам. Кога ќе победите, мислите дека сте број 1 и ништо повеќе не е потребно. Губењето прави да работиш се повеќе и повеќе. Сега разбирам дека не бев подготвен за Кличко, можеби бев премногу млад, но сега мојата подготовка е многу подобра. Се чувствувам посилен и подготвен сум“, изјави Кубрат Пулев за Скај спортс.

Бугарниот додаде дека сега вниманието е насочено спрема светскиот шампион.

„Го гледам Џошуа повеќе отколку што сум го правел тоа со секој друг боксер. Гледам што прави добро, но ги гледам и неговите слабости – го проучувам. Секој треба да проучи, без разлика дали станува збор за мене, Ентони Џошуа или некој друг. Кога човек вели дека знае сè, тој лаже.

Кога Кличко се бореше со Ентони Џошуа, шансите беа 50:50. Но, Владимир правилно не се подготви. Мислеше дека ќе го победи Џошуа без проблеми. Човек се учи од поразите. Сега вежбам со задоволство, мојата тренинг е концентриран, силен и паметен – подготвен сум“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО