Благој Донев: Заеднички подготовки со репрезентацијата на Србија за „Златниот гонг“

M

Завчера на седницата Управниот одбор на Боксерската федерација на Македонија (БФМ) одржа состанок со Тренерската организација и сите тренери на клубовите се разгледа состојбата по поливина од Првата и Младинската лига, при што на тренерите и беше укажано да настапуваат со повеќе боксери во Лигата. Заради поголема масовност се нагласило клубовите да се договараат за да има поголем број на борби.

Прифатен е и предлогот на Судиската организација за претседател на истата да биде изберен Петре Неделковски.

Потпретседателот на БФМ, Благој Донев, вели дека едногласно е прифатен предлогот на селекторот Петре Чурлиновски за подготовки на репрезентацијата за „Златниот гонг“ кој годинава треба да биде еден од посилните по квалитет. Селекторот изложил и список на потенцијални репрезентативци, а подоготовките ќе се одржат во Штип од 23 октомври до 8 ноември.

„Во заеднички договор со Федерацијата на Србија договорено е да имаме заеднички подоготовки во Штип. Тие ќе допатуваат на 30 октомври и заедно ќе одиме на Зланиот гонг кој годинава ќе има учесници од Европа и пошироко. По завршување на Гонгот двете репрезентации ќе отаптуваат на Златибор на подготовки за Златната ракавица во Белград на 24 и 25 ноември“, вели Донев.

Претседателот на КФМ Игор Златков даде извештај од состанокот на ЕАБА во Албена, Бугарија, вели Донев, додавајќи дека тоа бил подготвителен Конгрес за Конгресот на АИБА на 12 ноември во Дубаи во ОАМ на кој ќе патуваат двајца членови на УО на КФМ.

На 3 и 4 ноември репрезентативците ќе учествуваат и на Меѓународниот турнир „Адем Јашари“ во Приштина.

По завршувањето на овие силни турнири боксерите ги очекуваат последните три кола од Првата и Младинската лига во декември кога и ќе бидат прогласени шампионите.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО