Кубрат Пулев потежок од Џонсон: Јас не сум Семјуел Питер. Не дојдов да се излежувам и да го соберам чекот

Кубрат Пулев (24-1, 13 КО) денеска во Софија ја брани интерконтиненталната титула во тешка категорија ВБА.

Неговиот противник ќе биде поранешниот предизвикувач за ВБЦ титулата на Витали Кличко, 37-годишниот Кевин Џонсон (01/07/30, 14 КО).

35-годишната Бугарин на мерењето имаше 116 килограми, а Американецот 111,35.

На Пулев ова му е прва одбрана на титулата која ја освои со прекин во третата рунда против поранешниот светски шампион Семјуел Питер во декември. Џонсон вели дека нема да биде ништо како со Нигериецот.

„Ако Пулев планира лесна вечер, ќе биде изненаден. Јас не сум Семјуел Питер. Јас не дојдов тука да залегнам и да го соберам чекот. Тука сум за да приредам изненадување. Ќе му одржам предавање на ова момче и ќе и покажам на Бугарите што може еден човек од Џерси. Во петокот ќе добие таков ќотек што никој досега не го видел“.

„На овдешните луѓе тука подобро и е веднаш да почнат да навиваат за мене. Дури и бугарскиот претседател ми се јави и рече да го натепам ова грдо газе“.

Пулев во овој меч ја ризикува позицијата на прв предизвикувач во ИБФ и гарантирана борба со победникот од Џошуа-Кличко.

https://www.facebook.com/TeamSauerlandBoxing/videos/10154670027554370/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON