Кубрат Пулев половина од парите од мечот со Џошуа ќе ги донира во добротворни цели

Бугарскиот боксер Кубрат Пулев се подготвува за шампионскиот меч против Ентони Џошуа на 28 октомври во Кардиф, а вчера на својот Фејсбук профил обајви дека освојувањето на титулите во тешка категорија се поважни од парите за него.

„Здраво, пријатели! Ден по ден, најголемата битка во Кардиф наближува. Размислувајќи… ако победам во овој меч, половина од парите ќе ги донирам за добротворни цели. Во домови за сираци или во болниците за апарти кои спасуваат животи и друго. Ќе бидам среќен да сум светски шампион. Парите нека израдуваат други лица, на кои и се нужни“.

Средбата се очекува со голем интерес. Влезниците речиси беа распродадени веднаш по пуштањето во продажба, а телевизискиот канал Шоутајм 1,6 милиони долари за правата на емитување на борбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО