Адреналинска доза на УФЦ: Алистер Оверем – Френсис Нгану на УФЦ 218

УФЦ 218 доби нова адреналинска доза во тешка категорија.

По закачите на Френсис Нгану и Алестер Оверем на социјалните мрежи, нивната борба е веќе факт – тие ќе се борат на 2 декември на УФЦ 218.

Веста официјално е потврдена од страна на УФЦ.

Нгану тербаше да се бори на УФЦ 215, но неговата борба беше откажана откако Жуниор дош Сантос беше позитивен на допинг тестот. Никој не сакаше да се соочи со Французинот, па реши да го предизвика шампионот Стипе Миочиќ.

Сепак, Оверем веднаш интервенираше и рече дека Нагну не треба да биде повикан на шампионска средба, предизвикувајќи го на прелиминарен меч на почетокот од месецот.

Така, официјално и двајцата добија шанса да се соочат во октагон. УФЦ како да ја подрржува тендецијата борците сами да почнат да се предизвикуваат на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО