Кубрат Пулев најверојатно ќе ја добие светската титула во верзија на ИБФ, без да се качи на рингот. Британскиот „Мирор“ соопшти дека актуелниот носител на појасот – Ентони Џошуа – речиси сигурно ќе го ослободи, ако го совлада Владимир Кличко.
Залог во оваа средба ќе биде и испразнетата титула во верзија на ВБА. И двете организации инсистираат победникот да се сретне со соодветните кандидати. Во случајот на ИБФ токму тоа е Пулев, а во ВБА – Кубанецот Луис Ортиз.
Слична беше ситуацијата со Тајсон Фјури. Тој мораше да се откаже од титулата на ИБФ по победата над Кличко, бидејќи не успеа да организира нејзина одбрана. Промоторот Еди Херн стравува дека на ист начин ќе се развиваат работите и со Џошуа.
„Ако тој победи против Кличко, ќе се соочиме со сериозен проблем со задолжителните одбрани. Првата треба да е против Пулев, а втората – најверојатно до крајот на годината – против Ортиз. Премногу е веројатно да се ослободи едната титула, освен ако не дојде до некакво договор. Многумина сакаат да ги имаат сите титули, но Тајсон Фјури се убеди дека тоа е невозможно“, објасни Херн.
Ако дојде до такво сценарио, постојат две можности. Првата е Пулев директно да биде прогласен за шампион. Втората е појасот да остане испразнет и Бугаринот да се бори за него против друг ривал.
Инаку Кубрат излегува на рингот ден пред средбата Џошуа – Кличко. Во „Арената Армеец“ ќе се соочи со Американецот Кевин Џонсон во одбрана на интерконтиненталната титула на ИБФ.