Кубрат Пулев го победи Ихор Шеваџуцки и го освои слободниот шампионски појас

Бугарските боксери, браќата Кубрат и Тервел Пулев победија на настанот што во синоќа се одржа во Софија.

Кубрат Пулев (42 г.) го победи Украинецот Ихор Шеваџуцки во меч од десет рунди за слободниот шампионски појас на ВБА (регуларен) во тешка категорија.

Пулев убедливо со едногласна одлука на судиите (117-111, 117-111, 117-111) го совлада украинскиот тешкаш и со тоа стигна до 31. победа (14 нокаути) во кариерата, има и три порази.

Кубрат Пулев требаше да се бори со Махмуд Чар во борба од 12 рунди, но Германецот го откажа настапот поради повреда, па наместо него влезе Шеваџуцки.

И тоа беше втор пораз за Украинецот во кариерата во која забележа 11 победи.

Помладиот брат на Кубрат, Тервел Пулев, со едногласна одлука го победи Камерунецот Роли Ламберт во полутешка категорија – 79-73, 79-73, 80-72.

Тоа беше 19-та (14-та со нокаут) победа на Тервел во кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО