Кубрат Пулев – Џарел Милер на 28 април?

Кубрат Пулев и Џарел Милер (САД) најверојатно ќе се борат на 28 април. Ова го предвидува новинарот Скот Гилфорд. Дуелот ќе биде на голема гала вечер во Бруклин, Њујорк.

Според набљудувачите американскиот боксер се претставил во многу силно издание  против Мариуш Вах на 11 ноември. Тој има 20 победи (18 нокаут) и 1 нерешена борба.

 

Во својата текст Гилфорд забележува дека се уште ништо не е потврдено и дека во моментов течат преговорите.

Средбата се очекува да биде елиминациска за дефинирање на ривалот на Ентони Џошуа. Самиот Милер е подготвен да се бори со Дилиен Вајт.

Гилфорд смета дека Американецот ќе биде фаворит во оваа средба, бидејќи е многу помлад од Пулев.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО