Кубанците по трет пат ја освоија ВСБ лигата (ВИДЕО)

Куба Домадорес по трет пат ја освои ВСБ/ WSB лигата, победувајќи го трикратниот шампион Астана Арланс.

Во Жин Жанг – Кина,, се одржа вториот меч од финалето на осмата сезона Светска боксерска серија.

Домодорес во вториот меч со Астана Арланс влегоа со предност од 3-2, остварена пред два дена.

Прво Сакен Бибосинов го победи со едногласна одлука на судиите Хорхе Гринан Меренсија во мува категорија и го изеданчи вкупниот резултат 3-3.

Трикратниот светски шампион Лазар Алварез во мечот во лесна категорија исто така на поени го победи Закир Сафулин и ги врати кубанците во водство.

Златниот олимпиец од Лондон, Рониел Иглесијас, со победата против Асламбек Шимбергенов во велтер категорија го зголеми водството на вкупни 5-3.

Потврдата на третото освојување на ВСБ лигата на Домадорес им ја донесе олимпискиот шампион и четирикрате светски првак, полутешкашот Хулио Ла Круз совладувајќи го со 3-0 Бек Нурмаганбет.

Во последниот меч во супертешка категорија Хозе Лардует го победи Камшибек Кункабаев за конечните 7-3.

Казастанците го победија Кубанците во претходните две меѓусебни финални пресметки во 2015 и во 2017 година.

https://www.facebook.com/WSB.Boxing/videos/686465018399811/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО