Кро Кап и Роке Мартинез речиси со идентична тежина пред утрешната борба (ВИДЕО)

Се одржа мерењето за Ризин 13 настанот, каде што Мирко Филиповиќ утре ќе се бори против Роке Мартинез. Многу интересно е тоа што борците беа речиси подеднакво тешки, односно хрватскиот борец имаше малку 400 грама повеќе од својот противник.

Инаку, Филиповиќ е точно десет сантиметри повисок од противникот, а вагата му покажа 109 килограми и 400 грама. Што се однесува до талентираниот борец од Гуама, кој има импресивна осум победи, тој беше 109 килограми. Поради разликата во висината не треба да чуди што Мартинез игледа дека е покрупен од Филиповиќ, но, секако, има пократки екстремитети, што утре би требало да му претставува најголем проблем, одноно најголемата предност за легендарниот 44-годишник од Привлака.

На програма на Ризин има 12 борби, но меѓу нив се одржува пресметката на Јапонија и Јужна Кореја во играта Текен 7, што е специјален новина во оваа јапонска промоција. Борбата на Мирко Филиповиќ и Роке Мартинез е десета на распоред, односно со неа се завршува вториот воведен дел, по што следи пауза пред главната борба.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО