КСВ изрече доживотни суспензии по тепачката меѓу Јуришиќ и Мусаев на КСВ 58

Борбата помеѓу Урош Јуришиќ и Шамил Мусаев на КСВ 58 ги заинтригира љубителире на ММА борби ширум светот, но причината не беше од спортски карактер.

Фокусот е целосно на тепачката што следеше по крајот на борбата во настанот во организација на полската КСВ (Konfrontacja Sztuk Walki – ММА Конфронтација). Познати се казните за сите кои учествуваа во инцидентот, а некои поминаа полошо од другите.
Дагестанецот ја почнал тепачката, затоа е построго казнет.
За потсетување, Мусаев славеше со едногласна одлука на судиите, со што го зачува неговиот перфектен резултат во кариерата и му го нанесе првиот пораз на Јуришиќ. После борбата, дагестанскиот борач му се приближи на Словенецот и иако сите очекуваа поздрав, тој го фрли на земја и почна да удира. Во тој момент, членовите на двата тима влетаа во кафезот и започна масовна тепачка.

Мусаев беше казнет со лишување од 50% од приходите од борбата, додека Јуришиќ остана без 30%. Исходот од борбата останува ист и таа борба е прогласена за најдобра на настанот. Бонусот што би го добиле за ова ќе се донира во добротворни цели, како и делот што им е одземен на борачите од хонорарите.

Абус Магомедов, соборецот на Мусаев, беше казнет со шестмесечна забрана за борба и едногодишна забрана за присуство на настани на КСВ како дел од тим. Некои од членовите на тимовите кои воопшто не смееле да бидат во близина на арената, се казнети со доживотни суспензии, иако КСВ не го откри нивниот идентитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО