Кро Кап во одлична форма: Мирко објави фотографија од својот грб, а фановите воодушевени

Ќе поминат речиси три години откако Мирко Филиповиќ објави крај на кариерата поради здравствени причини. Сепак, легендaтa боречките вештини не го напушти спортот, туку продолжи да тренира.

Кро Кап не може без тренинг и постојано тренира со својот тим, а на тренинзите се приклучува и неговиот постар син.

Мирко е се уште активен и покрај тоа што во септември ќе наполни 47 години, сепак е во фантастична форма.

Деновиве на својот Фејсбук објави фотографија од теретана со која ги воодушеви фановите.

Имено, Кро Кап покажа како изгледа неговиот грб, а покажа и колку е силен.

Под објавата фановите оставија многу коментари во кои изразуваат голема почит кон Мирко, кој се уште изгледа физички импресивно.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО