Откако објави крај на кариерата, Мирко Филиповиќ, како и многу други кои пред него го направиле истиот потег, се присети на раните почетоци и причините поради кои се одлучил да се посвети на боречкиот спорт, спортот кој и многу години по неговото заминување ќе ги памети некои од неговите најдобри претстави кои ги режираше на најголемите светски сцени.
„Како дете бев темпераментен, а веќе кога имав 10-11 години го замолив татко ми да ми направи тегови. Прво направи некои од железничка шина, а на 12 години јас веќе правев склекови и други вежби со сопствена тежина. Во тоа време сакав и да трчам, а настапував и на атлетски трки“, се потсети Мирко на детството и првиот допир со спортот па продолжи со описот на просторијата во која тогаш најмногу тренирал.
„Беше половина гаража, половина свињарник, бидејќи од другата страна на ѕидот навистина беа свињите. Имаше тука и пукнатини, бидејќи моето место за тренирање од едната страна беше отворено. Знаеа тука да има и наноси од снег, но ниту тоа не ми сметаше. Татко ми доаѓаше околу 23 часот за да ме предупреди дека е доста, после четири часа неуморно удирање во вреќа и вежбање со тежина“.
Во оваа прилика Кро Кап се присети на своето професионално деби кога со 21 и пол година го шокираше Французинот Жером Ле Банер, како и она што следуваше подоцна. Да се потсетиме, откако се прослави во кикбоксот, Мирко се посвети на аматерскиот бокс каде забележа 48 победи во 56 настапи, а покасно се одлучи да премине во светот на ММА борбите.
Раскажувајќи за тој период се потсетува на освојувањето на Прајд Гранд при/Pride Grand Prix 2006, кој го посвети на покојниот татко Жарко, а во текот на темата за златните денови ја откри и приказната за настанокот на легендарниот прекар „Кро Кап“ кој му го предложил тогашниот менаџер Орсат Зовко.
„Орсат ми беше менаџер кога во 1999 година се враќав во Јапонија. Тогаш тој многу ми помогна околу визуелниот идентитет. Направи видео со моите борби, но и каталог со кој ме презентираше на Јапонците, а и мојот прекар Кро Кап настана во разговор со него. Моравме да најдеме борбечко име, затоа што сите борци го имаа, а тој го предложи Кро Кап и мене тоа веднаш ми се допадна.
Ова е само дел од интервјуто во кое Филиповиќ за Вечерњи лист помина низ поголем дел од својата кариера и во кое открива занимливи факти за работите по кои денес го познава цел свет.
Целото интервју може да го прочитате на следниот ЛИНК.