Како и што можеше да се претпостави, легендарниот Мирко Филиповиќ нема да настапи на традиционалниот новогидшен настан на Ризин кој е закажана за 31 декември во Саитама супер арена. Откако го гледавме таму последните две години, овогодинашниот Ризин ќе е без Кро Кап.
Причината се, според интервјуто што го даде Филиповиќ за Вечерњи лист – парите. Бидејќи јапонската промоција се порошила на Мејведер, не им останало доволно буџет за Мирко.
„Да, оваа година нема да настапам новогодишниот настан на Ризин. Рајс се одлучи да го донесе славниот боксер Флојд Мејведер да одработи егзибициски меч со Теншин Насукава, и со оглед на тоа дека Флојд е најплатен спортист на денешницата, тој самиот го исцрпи буџетот на Ризин, така што не повикаа никој од странските борци, туку остатокот од настанот е полнет со јапонски борци“, исјави Филиповиќ за Вечерњи лист и додаде:
„Ниту најмалкуне ми пречи тоа. Дури и сум среќен што новогодишните празници ќе ги поминам дома, со семејството, а тоа ќе биде ретка ситуација во тоа време на годината да бидам со нив. Всушност, со оглед на тоа што знаев каква е ситуацијата, ниту не започнав конкретни подготовки за новогодишната борба. Но, понатаму секојдневно тренирам два пати на ден, без разлика дали ќе се борам или не. Старите навики тешко умираат“.
Во продожение на разговорот Кро Кап најави дека повторно ќе го видиме во акција во првата половина од следната година, а деталите ќе ги обајви наскоро.
https://www.instagram.com/p/BqFg8XNg6Tk/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
.