Само 10 дена пред продолжението на турнирот на Ризин во отворената категорија се дозна новиот противник на Мирко Филиповиќ. Тоа е Мухамед „Кинг Мо“ Лоуел, опасниот Американец за чии вештина е свесен и самиот Кро Кап.
Мирко побрза, по официјалната потврда, со навивачите да го сподели своето мислења за борецот кој му стои на патот до трофејот на Ризин.
„Наместо кукавицата Силва мој противник ќе биде „Кинг Мо“, можеби и најопасниот противник на турнирот. Минатогодишниот победник на турнирот на Ризин, шампион на Страјкфорс и трикратен првак на САД во борење. Настапува како полутешкаш и тешкаш. Како тешкаш има 9 борби и 9 победи. Врвен борец против кого нема да биде лесно. И не е лесно да ги одработиш подготовките без да знаеш кој ти е противникот и што можеш да очекуваш во борбата. Но, што е тука е. Впрочем, што е потежок противник и победата е послатка“, изјави Филиповиќ преку својот Фејсбук профил.