Вонредно Собрание на ФБСМ или ќе остане без пари од АМС поради блокираната сметка

Sobranie FBSM juni 2016

Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) половина година е без претседател по оставката на првиот човек на борењето Ванчо Чифлиганец на Собранието одржано на 30 јуни.

Оттогаш па наваму ФБСМ запаѓа во тешкотии и повторно запаѓа во финансиска неликвидност, што беше причина за суспенизја од страна Обединетото светско борење (ОСБ/UWW) на македонските репрезентации и клубови во натпреварите под закрила на Севтската боречка организација. Прво БК Вардар ги осети санкциите на ОБС на своја кожа, затоа што не му беше дозволено настап на Светското клупско првенство во Украина.

Како што дознаваме, деновиве имало активност на Управниот одбор на ФБСМ и челните луѓе на неколку клубови за одржување на вонредно Собрание на 29 декември во Скопје, кое, патем, требаше одамна да се свика. Притоа било договорено да се формира тело од четиримина претставници на четирите најдобри клубови во моментов кое би било избрано како колективно претседателство, односно со ротирање да ја водат Федерацијата до конечното решение, наоѓање на вистински  претседател.

Засега, во оваа иницјативно тело би влегле претставниците на Лирија, Балканец, Бучим и Тефејуз, како што велат упатените во разговорите. Лирија е најголем заговорник на вонредно Собрание.

Првиот проблем што треба да го решат е деблокирање на сметката на ФБСМ која е блокирана од страна на хотелот ВИП за услуги на репрезенатацијата во периодот 2013-2015 година во висина од 80 илјади денари. Ако не се направи тоа нема да може да се смета на парите од Агенцијата за млади и спорт. По ова треба да се реши долгот кон ОБС во висина од околу 20.000 евра, за да се симне суспензијата за настап на меѓународната сцена.

Првите настапи, ако се исклучат некои помали турнири кои се во март, а во мај е Европското првенство.

Со доаѓањето на Ванчо Чифлиганец за претседател на ФБСМ се решија многу проблеми, но Комисијата што беше овластена од Собранието не го расчисти случајот за финансиското работење на претходниот претседател Чедо Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО